| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск повторно го прекрши протоколот – си повика пријател на возење со папамобилот

papa

Папата Франциск уште еднаш го прекрши протоколот за да го повика во својот папамобил стариот познаник за време на општата аудиенција, пишува Белингам Хералд.

Свештеникот од Буенос Аиерес, родниот град на папата, немал ВИП влезница на аудиенцијата која би му обезбедила место блиску до олтарот, но кога  Франциск го здогледал меѓу илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар им наредил на жандармите да му помогнат да ја прескокне оградата. Потоа го повикал во папамобилот да се повозат по плоштадот додека им мафтал на верниците и ги бакнувал децата.

Свештеникот Баез кој се знае со папата уште од деведесеттите години од минатиот век бил шокиран од повикот.

– Папата се насмевма и ми рече. Дојди седни. Се прашував што правам тука? Мама миа!, раскажувал Баез по средбата со Франциск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top