Во автомобилот „опел омега“ кој беше најден неколку дена по убиството и со кој, според обвинението, се превезувале дел од обвинетите биле пронајдени траги од ДНК на првообвинетиот Алил Демири.
Агим Исмаиловиќ, според обвинението, го зел ова возило од паркинг во Топанско поле, додека обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по убиството, со истиот автомобил дошле на обиколницата кај Качанички пат каде што ги чекал обвинетиот Хаки Азири, го оставиле „опелот“ и се качиле во автомобилот на Азири.
Адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи смета дела овој доказ нема никаква врска со убиството, а автомобилот не бил виден на местото на убиството.
На тркалата на автомобилот било најдено земја која се совпаѓа со земјиштето на Смилковското езеро, но според Рауфи и ова не е релевантен доказ бидејќи таков вид на земјиште имало на огромна површина. Сопственоста на автомобилот „опел омега“ се уште не е утврдена.
Траги од обвинетите и од автомобилот „опел омега“ на местото на убиството, според Рауфи не се најдени. Не е најдено ниту оружјето со кое биле извршени убиствата.
Меѓу доказите на обвинителството беа листа на појдовни и дојдовни повици на телефоните на обвинетите, односно предмети коишто биле најдени при претресите во домовите на обвинетите.
Судскиот процес за петкратното убиство почна на 20 декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. На другите двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство им се суди во отсуство.
На 12 април минатата година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“