| четврток, 6 декември 2018 |

Провалена црквата „Свети Петар и Павле“ во Галичник

Galicnik (2)

Непознати сторители во периодот меѓу 6 и 7 јануари провалиле во црквата „Свети Петар и Павле“ во мијачкото село Галичник. Од првичниот увид е утврдено дека провалниците заминале со празни раце.

СВР Тетово информира дека случајот го пријавил скопјанецот А.Н. (57), кој тие денови претстојувал во селото. По пријавата било констатирано дека во црквата е влезено со кршење на катанецот и бравата на влезната врата, потоа биле разбиени кутиите во кои верниците оставаат подароци и олтарот на црквата.

Полицијата води истрага во која треба да биде откриено што барале провалниците.

Во регионите на Мала и Голема Река изминатата година беа регистрирани петнасетина кражби во верски објекти. Најмногу настрадаа црквите во Лазарополе, Сенце, Росоки и Тресонче од каде што беа украдени над сто икони. Сторителите сé уште не се познати и се трага по нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top