Фирма која се занимава со продажба на автоделови и опрема, Canadian Tire, на необичен, но успешен начин промовираше еден од своите производи – акумулаторот MotoMaster Eliminator Ultra AGM, пренесе Високи Октани.
За да се докаже дека акумулаторот е во состојба беспрекорно да функционира, дури и на екстремно ниска температура, Канаѓаните направија вистински автомобил од мраз. Возилото е направено на шасија на „шевролет“ и има облик на класичен камионет, а за неговата изработка се употребени 5 тони мраз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.