| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбено казиното „Сенатор“ – маскиран со пиштол заминал со 3000 евра

kazino

Казиното „Сенатор“ на божикното утро беше мета на вооружен и маскиран разбојник, јави Нетпрес.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу седум часот утрината разбојник го ограбил казиното „Сенатор“ на булеварот Партизански одреди во центарот на Скопје.

Полицијата соопшти дека вооружен и маскиран разбојник со оружје им се заканил на трите вработени и успеал да украде над 3.000 евра.

Со богатиот плен тој избегал во непознат правец. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top