| четврток, 6 декември 2018 |

Десетка за Голден стејт, Оклахома поразена од Јута

gordon hayward

Возбудлива вечер во НБА-лигата. Синоќа беа одиграни 12 натпревари. Голден стејт стигна до својата десетта победа по ред и е втората најголема серија во историјата на клубот од сезоната 1971/72 кога стигнаа до 11 победи.
Голден стејт го победи тимот на Милвоки со 101-80. Дејвид Ли постигна двоен ефект од 22 поена и 18 скока. Кај Милвоки се истакна Ерсан Илјасова со 20 поени.
Сан Антонио се извлече од пораз во последните пет минути од натпреварот. Мемфис водеше со високи 16 разлика, но избраниците на Грег Попович не размислуваа за пораз. Најпрвин ја стигнаа негативата во последните пет минути за во продолжението го совладаат Мемфис со 110-108.
Најголемото изненадување се случи во Солт Лејк Сити. Домашната екипа на Јута, која е последна во западната конференција, го победи тимот на Кевин Дурент Оклахома откако Гордон Хејвард даде 37 коша од кои дури последните 17 поени за својот тим. Дурент и покрај 48 коша, кои се личен рекорд во сезоната, со наведната глава го напушти теренот. Оклахома губеше со 24 разлика, но се понадева на победа сѐ до серијата на Хејвард. Сепак, конечниот резултат гласеше 112-101 за момците од Солт Лејк Сити.
Мајами и Индијана рутински дојдоа до победите откако ги совладаа екипите на Њу Орлеанс и Торонто.

Резултати:
Сакраменто – Портланд 123-119, Мемфис – Сан Антонио 108-110(пр.), Јута – Оклахома 112-101, Далас – ЛА Лејкерс 110-97, Њујорк – Детроит 89-85, Чикаго – Феникс 92-87, Шарлот – Вашингтон 83-97, Кливленд – Филаделфија 111-93, Индијана – Торонто 86-79, Мајами – Њу Орлеанс 107-88, Милвоки – Голден стејт 80-101, Денвер – Бостон 129-98.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top