| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети се сретна со новиот грчки амбасадор Лалакос

Надминувањето на разликата за името помеѓу Македонија и Грција ќе овозможи зачленување на земјата во НАТО, како и започнување на преговори со ЕУ и поголема сигурност за домашните и странските инвестиции

53f52a5e-8d2b-46f0-a2e7-06f5ae642c9a
Ова денеска го порачал претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, на средбата со новиот амбасадор на Република Грција во Македонија, Харис Лалакос.
Амбасадорот Лалакос ја нагласи значајноста да се има стабилен сосед што се постигнува преку стабилни меѓуетнички односи, како и готовноста на Грција за решавање на прашањето со името.
Соговорниците се согласија дека треба да се направат заеднички напори во исполнувањето на европската рамка од последниот самит на ЕУ за да се осигура позитивен извештај во април од страна на Европската Комисија(ЕК).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top