Повредата на коленото ја спречува американската скијачка Линдзи Вон да настапи на Зимските 0лимписки игри во Сочи. Иако го оперираше коленото пред 11 месеци за да се опорави на време од повредата, сепак не успеа во намерата.
-Направив се што можев, но реалноста е друга. Моето колено е нестабилно за да можам да скијам на највисоко ниво- изјави Линдзи Вон која на претходните Игри го освои златниот медал во спуст.
Линдзи Вон има 29 години и е најуспешната американска скијачка во историјата бидејќи четири пати го освојуваше Светскиот куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


