| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ и дава идеи на Европската комисија со грчкото претседателство да се вклучи во билатералниот спор

zaev briselМожам да кажам дека сме повеќе од задоволни од средбата што ја имавме со еврокомесарот Филе, го пренесува СДСМ нејзиниот лидер Зоран Заев од Брисел.

„Разговаравме посебно по две теми. Една од темите е внатрешните реформи во Република Македонија и секако проблемот со името поврзан со Грција. Пред се јасно нагласивме дека очекуваме јасно се постигне договор со власта, во делот на разграничување на партијата од државата, што го има како препорака во Извештајот на Европската комисија, како и сите други регулативи, коишто изборното законодавство мора да ги предвиди.

Истовремено зборувавме за слободата на медиумите и она што е исто така препорака во делот на внатрешните реформи на Република Македонија.

Побаравме од Европската Комисија да го искористи грчкото претседателство за подиректно да се вклучи во решавање на долгогодишниот проблем. Нотиравме неколку идеи како тоа би можело да се случи, за секако да конвергираме до конечната цел, да се најде решение. Но, секако очекуваме дека она коешто зависи од Република Македонија, пред се од нас како политички партии од власта, секако и од опозицијата, ќе биде решено и надминато.

Се надевам дека уште утре, кога се држи состанокот на работните групи за изборното законодавство токму и оваа препорака којашто е препорака од Советот на Европа, ќе биде имплементирана како и една од најзначајните препораки на ОБСЕ/ОДИХР“, порачува претседателот на СДСМ, Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top