| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 2.500 евра накит и лап-топ од куќа во Куманово

krade kompjuter

Крадец украл евра, накит и лаптоп од куќа во Куманово, соопшти полицијата. Кражбата се случила во понеделникот во периодот меѓу 15,00 до 20,00 часот, кога арамијата насилно отворил еден од прозорите, влегол внатре и одзел 2.500 евра, разновиден златен накит (бурма, прстени, нараквица, ланче) и еден лап-топ „Acer”, со што причинил материјална штета од околу 314.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top