| четврток, 6 декември 2018 |

Алфите привеле 3.582 лица во 2013 година

alfiПрипадниците на Единицата за борба против криминалот „Алфа“ во текот на изминатата 2013-та година, при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 11.606 лица, извршен е преглед на вкупно 1182 патнички моторни возила, а по разни основи приведени се вкупно 3.582 лица.

Притоа, по основ на телеграма приведени се 429 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 342 лица, поради сомнение за извршено кривично дело – 542 лица, по извршено кривично дело – 361 лице, на лице место во вршење на кривично дело приведени се 203 лица, за издржување на казна затвор –123, за утврдување на идентитет – 77 лица, за држење недозволени предмети – 49 лица и странски државјани со нерегулиран престој во РМ – 39 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top