| четврток, 6 декември 2018 |

Џихад Џејн осудена на десет години затвор

jihad-jane

Американката Колин ЛаРоуз, позната и како Џихад Џејн, е осудена на затворска казна во траење од 10 години за плановите да го убие шведскиот карикатурист Ларс Вилкс.
ЛаРоуз беше уапсена во Филаделфија во САД во октомври 2009 година откако била инструирана да отпатува во Шведска и да го убие Ларс Вилкс, чии карикатури на пророкот Мухамед со тело на пес беа објавени во 2007 година во весникот „Нерикес алеханда“.

Џихад Џејн пред извесно време ги признала плановите кои се однесувале на тероризам, планови за убиство во друга земја, изнесување невистина пред полиција, како и дека украла нечиј идентитет. Лароуз претходно беше обвинета за поддржување на странски терористи и беше осомничена дека регрутирала исламски фундаменталисти за терористички напади во Европа и во Азија.
Таа првпат себеси се нарекла Џихад Џејн во едно видео постирано на Јутјуб, во кое вели дека е очајна да стори нешто, за да го олесни мачењето на кутрите муслимани.
Скандинавски медиуми деновиве јавија дека се очекуваше Лароуз да добие казна доживотен затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top