Иако годината штотуку почна, списанието „Максим“ Ева Лонгорија ја прогласи за најсекси жена во 2014. година! Така „очајната домаќинка“ се нашла и на насловната страна на популарното списание за мажи позирајќи во бела машка поткошула.
Триесетиосумгодишната е жената на 2014 година. Таа требал0 за „Максим“ да позира уште пред неколку месеци, во 2013 година, но поради академските обврски и пишувањето на магистарскиот труд, тоа морала да го одложи.
Ева Лонгорија уште пред неколку години добила диплома по кинезиологија, а сега станала и магистар.
Таа се најде на насловната страница на двобројот јануари / февруари на Maxim.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.