| четврток, 6 декември 2018 |

„Гардијан“: Македонија топ дестинација за одмор во 2014 година

Македонија е една од 40. места кои реномираниот британски весник „Гардијан“ во едно од своите последни изданија ги препорачува како најдобри за одмор во 2014 година.

– И покрај историјата на производството на вино која датира од уште од римско време, како и романтични медитерански села со византиски цркви и теракота покриви, Македонија продолжува да е занемарена во полза на подобро развиените туристички атракции во нејзина близина, како Италија и Грција. Но, со сѐ поголемиот број посетители кој расте од година во година, прашање на време е кога оваа мала, но живописна нација ќе го добие соодветното признание. Следната година се одбележува завршувањето на проектот „Скопје 2014“, шема вредна неколку милиони евра за трансформација на главниот град, вклучувајќи и изградба на нови мостови и музеи и реконструирање на фасадите во неокласичен стил. Сепак, вистинската гозба за посетителите е спектакуларното Охридското Езеро, огромно езерото чии рабови удираат во град со истото име – совршено место за едно евтино бегство од соништата (види ohrid.com.mk) – пишува „Гардијан“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top