| четврток, 6 декември 2018 |

За Божиќ сончево и пријатно време во Македонија

сонце

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од шест до 15 степени.

Во Скопје утре претпладне ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот сончево и претежно тивко со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и релативно топло време, по котлините со појава на магла. Температурата ќе се движи од седум до 16 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top