| четврток, 6 декември 2018 |

Му го украле автомобилот пред затворот Идризово

idrizovo-Small

Двајца автостопери, со пиштол му го одзеле автомобилот на момче од село Јурумлери, откако го натерале да застане пред затворот во Идризово.

Според полицијата вчера во 18 часот во село Јурумлери–Скопје на регионалниот пат нас.Хиподром-с.Петровец, на крстосницата со патот за Г.Лисиче, од страна на две засега непознати лица извршено е разбојништво над Т.Б.(1997) од с.Јурумлери, при што му одзеле ПМВ „Поло“ со скопски регистерски ознаки.Имено, лицата го запреле Т.Б. на автобуската постојка и го замолиле да ги превезе до следната автобуска постојка кај нас.Колонија, а кога сакал да застане за да се симнат, едно од нив извадило пиштол и му рекло да продолжи со движење и се упатиле кон КПД – Идризово, каде го исфрлиле од возилото и со истото заминале во правец на с.Петровец. СВР-Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top