| четврток, 6 декември 2018 |

Принц Вилијам: Убиецот на мајка ми Дијана се вика Борис

princ vilijam

Дајана ја убиле членови на добро организирана група на меѓународни препродавачи на оружје, верува принцот Вилјам кој наводно е подготвен да се откаже од воената кариера и во потполност да се предаде на пронаоѓање на убијците на својата мајка.

Принцот Вилијам, синот на принцезата Дајана која според полициските податоци загина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа, верува дека неговата мајка е убиена и дека е на трага на убијците.

Како што пишува магазинот Глоуб во јануарското издание и под етикета ексклузивно, се стеснува кругот околу наводниот убиец на принцезата Дајана. Пред 16 години, уверен е нејзиниот син Вилијам, дека Дајана ја убиле членови на добро организирана група на меѓународни продавачи на оружје.

dajana-1-500

Глоуб го наведува името Борис како личност која стои зад убиството на Дајана и кој се крие во шумите во Хрватска.

Наводно Вилијам е спремен да се откаже од својата воена кариера и во потполност да се предаде на пронаоѓањето на убиецот на својата мајка.

Во август во Скотланд Јард ги проверувал информациите околу тврдењата дека позади убиството на Дајана и нејзиниот љубовник Доди Фајед стојат оперативци на Британските специјални сили.

Детали за наводното убиство на принцезата изнесе и авторот Алан Пауер кој во книгата објавува разговори со наводниот убиец.

Одлуката за убиството на Дајана, пишува Пауер, е донесена за да на виделина не излезат лошите работи за принцот Чарлс. Скотланд Јард потврди дека нема повторно да покрене истрага.

Принцезата Дајана загина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во тунел во Париз. На истото место загинаа и Фајет, како и возачот Хенри Паул.

Истражувањето утврди дека Паул бил пијан и дека пребрзо возел, но со тој заклучок на полицијата многумина не се сложуваат посебно не таткото на Доди кој е убеден дека принцезата и неговиот син се убиени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top