| четврток, 6 декември 2018 |

Телевизор од 240 инчи во контактна леќа

ocila TV

Google Glass конечно добива свој ривал – контактните леќи на Innovega работат во комбинација со наочари и им овозможуваат на корисниците едно виртуелно платно кое директно се проектира во нивните очи, пренесува ГСМ.мк

Се очекува оваа технологија да биде презентирана во поголеми детали оваа недела на CES 2014 во Лас Вегас и официјално да стане главниот конкурент на Google Glass. Платформата е наречена iOptik и освен тоа што ја носи виртуелната реалност блиску до нашите очи, исто така им помага и на луѓето со оштетен вид преку самите контактни леќи.

Самите леќи може да бидат носени на регуларен начин, без наочарите на Innovega. Но, заедно со наочарите (кои имаат микро-проектори), било која мултимедијална содржина се пушта на транспарентната леќа и со тоа видното поле на корисникот воопшто не се дисторзира на било каков начин.

ocila TV1

„Се што работи на вашите паметни телефони ќе работи и на овие наочари“, вели ко-основачот на компанијата, Steve Wiley – „И сите апликации и содржини се стримуваат во HD резолуција. Без разлика дали е тоа во мало прозорче или на целиот екран“.

Wiley вели дека со помош на iOptik се елиминира проблемот на леќите и проекторите во стандардните модели на наочари (како Google Glass) и со тоа корисниците на подобар начин може да го визуелизираат дигиталниот свет. Тој вели дека екраните кои се генерираат со помош на оваа технологија се со големина еквивалентна на 240 инчи во реалниот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top