Тетката на младиот челник на комунистичка Северна Кореја, Ким Кионг Хуи, чиј сопруг и до пред неколку месеци една од највлијателните фигури во најзатворената земја во светот Јанг Сонг-Таек беше погубен, најверојатно не е жива, пишуваат во понеделникот јужнокорејските медиуми забележувајќи дека таа не е видена во јавноста веќе три месеца.
Последен пат Ким Кионг Хуи беше видена на концертот по повод 65-годишнината од основањето на Народна Демократска Република (Северна) Кореја со внукот Кинм Јонг-Ун и неговата сопруга Ли Сол-Чжу на 1-ти септември 2013 година.
Потоа нејзиното име се појави само уште еднаш во медиумите, кога неколку ден апо егзекуцијата на нејзиниот сопруг Јанг Сонг-Таек, кога таа беше вклучена во списокот на членови на комисијата за погреби на партиските челници во Северна Кореја, функција којашто се смета за високо рангирање и голема почест во овој комунистички режим. Сепак, таа не беше забележана на одбележувањето на двегодишнината од смртта на нејзиниот брат и татко на сегашниот челник, Ким Јонг-Ил.
Според некои извори, Ким Кионг Хуи можно е да извршила самоубиство или починала од срцев удар по ликвидацијата на нејзиниот сопруг, кој во декември беше казнет под обвинение за корупција и подготвување заговор за државен преврат.
„Постојат многу шпекулации (за Ким Кионг Хуи), но ние не можеме да потврдиме колку се веродостојни”, изјавил за телевизијата А, извор во јужнокорејската влада.
Порано медиумите во Сеул пишуваа за тешката здравствена состојба на Ким Кионг Хуи и можноста дека таа престојувала во Русија каде што се лекувала. За сериозноста на состојбата на ќерката на основачот на комунистичка Северна Кореја, Ким Ил-Сунг, медиумите пишуваат со години наназад. Така во 2004 година пишуваа дека таа страда од зависност од алкохол и минала третман за одвикнување во париска клиника
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двојниците на Трамп и Ким Јонг Ун ги шокираа минувачите во Сингапур (видео)
-
Што се крчка на исток: Кина одби да потврди дали Ким Јонг Ун допатува во Пекинг (видео)
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Последната вечера на генералот: Ким го погуби најмоќниот човек во државата