| четврток, 6 декември 2018 |

Авион се излизга од писта, аеродромот во Њујорк затворен (видео)

jfk-airport-snow-airplane-452164

Авион се лизна од пистата на њујоршкиот аеродром „Џон Ф. Кенеди“. Откако денеска леталото поради мразот излизга и удри во снежни наслаги, аеродромот беше затворен на неколку часа.

Летовите се запрени од 8.30 часот по локално време, откога авионот на компанијата „Делта ерлајнз“ од Торонто удри во снежната наслага кај такси станицата.

Никој не е повреден од 35 патници во авионот.

Летовите се обновени на две од четирите писти на тој аеродром, кој е еден од најголемите во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top