
Претседателите на Русија и на Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, учествуваа во ревијалниот хокејарски натпревар со ѕвездите на овој спорт во олимпискиот град Сочи.
Путин и Лукашенко играа од иста екипа, а нивниот тим, го совлада ривалскиот со 12-3. Во нивната екипа, од политичарите беше и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Мечот се играше во салата „Бољшој“ во Сочи, каде што ќе се одржат Олимписките игри од 7 до 23 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


