| четврток, 6 декември 2018 |

Велешки судија се самоубил со куршум во главата

duma

фото: Дума.мк

Поранешен судија на Основниот суд во Велес испукал во себе куршум од пиштол и се самоубил, јави порталот Дума.мк.

Според првичните информации,  пензионираниот судија Бојчо Весов, си го одзел животот во неговиот дом околу 14.30 часот. Лекарите од Брза помош не можеле да му помогнат на шеесет и пет годишниот велешанец. Тие само констатирале дека е мртов.

Весов пред една година се пензионираше како судија на велешкиот суд. Таму го помина скоро целиот работен век.

Секој момент се чека да започне увидот во домот на судијата од страна на увидната полициска екипа и јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top