| четврток, 6 декември 2018 |

Шифрин продолжува со одличните слалом трки

Американската алпска скијачка тинејџерката Микаела Шифрин победи на слаломот што се возеше денеска во италјанскиот скијачки центар Бормио. Таа беше подобра по двете возења од шведската натпреваручка Марија Пјетиле Холнмер за 13 стотинки. До третото место довозе французинката Настасја Ненс која со вкупното време од двете трки заостануваше 62 стотинки зад водечката Шифрин.
Американката води и во генералниот пласман за слалом.
Во генералниот пласман од Светскиот куп Марија Хефл Риш со 611 бода пред пред Тина Вајрајтер од Лихтенштајн со 609 бода, а на третото место е Австријката Ана Фенингер со 597 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top