Десетгодишо дете загина денеска во екплозија во минско поле во местото Карановац кај Петрово во Република Српска, јавија медиумите од Бања Лука.
31-годишниот татко на детето се здобил со тешки повреди по целото тело и е згрижен во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.
Според полициските извори, несреќата се случила кога детето и неговиот татко собирале старо железо и влегле во обележано минско поле.
Со нив бил и чичкото на момчето, но тој не е повреден.
Чичкото по експлозијата на мината настраданите ги донел до Брза помош во Грачаница, каде имало обид за реанимација на детето, кое било донесено без знаци на живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


