| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт Дауни Џуниор му бара работа на Мел Гибсон

Поради својот исклучително незгоден темперамент, Мел Гибсон не е повеќе посакуван актер во Холивуд, а во обид да го поправи таквиот впецаток, како и да најде некоја посериозна улога, Гибсон побарал помош од својот пријател актерот Роберт Дауни Џуниор.

Ѕвездата на филмот „Ајронмен“ сега се труди да му обезбеди добра улога во продолжението на филмот „Одмаздник“.

gibson

– Дауни сака да му се оддолжи на Гибсон за целата поддршка што ми ја дал во времето на неговите почетоци, а ова е вистинската можност за тоа – изјавил извор близок до актерот.

Ова не првпат да излезе во јавноста силното пријателтво помеѓу Роберти и Мел, бидејќи Дауни неколку пати изминативе години има зборувано во јавноста како Гибсон му помогнал да се врати во глумата во 2003 година, кога и финансиски го помогнал филмот „Распеаниот детектив“ во кој Џуниор играл главна улога.

На примањето на наградите на Американска кинематографија во 2011 година, Дауни заблагодарувајќи се за наградата ја замолил публиката и филмската индустрија да му ги простат на неговиот пријател Мел сите гревови од минатото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top