| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарски свештеници се закануваат дека ќе прејдат во МПЦ – ОА

Сериозна криза ја тресе Бугарската православна црква откако во Неврокопската митрополија на само 9 дена пред изборот за наследник на починатиот Митрополит Натанаил се појавија две спротивставени струи од кои едната се заканува дека ќе прејде во МПЦ ОА ако не и се излезе во пресрет.

Првото крило кое го следи покојниот Митрополитот Натанаил е против владиката Дометијан да биде наследник на Натанаил и духовен водач на Неврокопското свештенство.

Денешната прес конференција на оваа група започна со мал скандал откако во салата не беа примени двајца свештеници од Банско , кои се претставници на некогашниот алтернативен синод на БПЦ на починатиот дедо Пимен . По неговата смрт пред 10 – на години , за Неврокопската митрополит беше избран Натанаил .

 Второто крило  со барање за радикална промена

Сосема друго мислење имаат свештениците кои не беа пуштени на прес конференцијата.  Свештениците од Банско не криеја дека се следбеници на алтернативниот Пименов синод.

Еден од нив, отецот Филип отворено се заканил дека доколку изборот на 12 јануари не биде укинат , тој и останатите свештеници ќе преминат кон Македонската православна црква.

“Сметаме дека изборите за епархиските гласачи се нарушени  за тоа нудиме во писмо до Неговата Светост изборот на Неврокопско митрополит да се одложи до решавањето на сите проблеми во епархијата. За таа цел треба да се свика вонредна седница на Светиот Синод , да се укине датумот 12 јануари , да се разгледаат проблемите и се закажат нови избори за епархиските гласачи . Ние како претставници на алтернативниот синод , сакаме да се приклучиме кон Бугарската православна црква ” , рече отец Филип  но ако тоа не се случи , многу од свештениците и верниците  ќе минат кон Македонската православна црква, ја пренесува информацијата агенциајта БГНЕС.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top