| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена гробница на производител на пиво стара 3.000 години

Јапонски археолози во Луксор откопаа гробница на производител на пиво стара повеќе од 3.000 години, изјави денеска египетскиот министер за антиквитети Мохамад Ибрахим.

Тој рече дека гробницата е од периодот на владеењето на 19-та и 20-та династија на фараони и дека припаѓа на главниот „производител на пиво за боговите на починатите“, кој бил и шеф на складиштето.

Министерот додаде дека ѕидовите на гробницата содржат „неверојатни цртежи и бои што го отсликуваат секојдневниот живот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top