Откако утрово ги помина медицинските прегледи фудбалерот на Борусија Дортмунд Роберт Левандовски потпиша петгодишен договор со Баерн Минхен, во чии редови ќе премине наредното лето бидејќи до тогаш има договор со „милионерите“, пренесува „Билд“.
Ваквиот расплет беше очекуван уште од претходното лето кога Левандовски одби да го продолжи договорот со Борусија, за да може на крајот на сезоната како слободен играч да ја смени средината.
Откако Баерн буквално им го „украде“ Марио Геце, со овој потег тие им нанесоа нов удар на тимот на Борусија.
Сега само се поставува прашањето како ќе реагира на оваа ситуација тренерот на Дортмунд Јирген Клоп, одосно дали ќе има место за Левандовски во тимот на „милионерите“ со оглед дека Полјакот ќе премине во редовите на најголемиот ривал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен
-
Баерн Mинхен едвај го победи последниот во Бундеслигата
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани