| четврток, 6 декември 2018 |

Со какви мажи жените се најсреќни

Иако многу жени сонуваат за убав живот и богат партнер кој ќе ги избави од сиромаштијата, сепак истражувањата покажуваат дека сиромашните мажи претставуваат многу подобар избор.

Богатите се лоши партнери и љубовници за разлика од сиромашните фраери, покажа најновото истражување кое испитуваше колку во врските се трудат и едните и другите. Водејќи се од резултатите, професорот Адам Галински, заклучил дека сиромашните мажи се многу подобри партнери и љубовници во однос на богатите кои се лицемерни и се трудат помалку.

Сиромашните за разлика од припадниците на буржуазијата се трудат многу повеќе околу жената, воедно се верни и посветени на врската, за разлика од богатите кои често се поставуваат прилично одбивно кон другите, бидејќи сметаат дека луѓето сакаат да ги искористат.

Истражувањето покажа дека припадничките на понежниот пол се посреќни и поисполнети во врските со мажи кои немаат многу пари, бидејќи им ги исполнуваат сите желби, не се лицемерни и размазени, љубезни се кон другите, позитивни, излегуваат повеќе и остваруваат нови пријателства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top