Пожар избувнал синоќа нешто пред 20 часот и 45 минути во зграда на улицата „180“ во тетовската населба Блок 70 спроти фабриката „Едтко“.
Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, во пожарот нема повредени, а материјалната штета е проценета на над 5.000 евра.
Во моментот на избувнување на пожарот сопственикот М.С.(60) со семејството биле на село.
Со интервенција на тетовската територијална противпожарна единица спречено е ширењена пожарот и на другите делови од објектот, а опожарени се внатрешноста на надградбата и половина од покривот.
Според првичните информации најверојатна причина за пожарот е нестручно изведениот оџак каде што и горело најмногу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.