Совпаѓањето на ДНК на трага од црвениот „опел омега“ со тој на првообвинетиот во случајот „Монструм“, бегалецот Алил Демири, беше приложено како доказ на денешното судско рочиште во Кривичниот суд, пренесе порталот „Плусинфо“.
Црвениот „опел“ полицијата го пронајде на неколку километри од Смиљковско Езеро, а во обвинителниот акт се спомнува дека во тоа возило обвинетиот Агим Исмаиловиќ се качил кобниот ден од Топанско Поле, а околу 20 часот со истиот автомобил обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ дошле до Качанички пат каде што ги чекал обвинетиот за помагање на тероризмот, Хаки Азири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



