Термометрите во бразилскиот град Рио де Жанеиро денеска регистрираа 40 степени целзиусови. На сонце, температурата достигна 50 степени.
Купувачите, кои од жештината најдоа засолниште во „Шопинг Леблон“ добија неоќекувано олеснување кога се вклучија прскалките со вода од пожарните аларми.
„Поради високите температури во градот, прскалките автоматски се вклучија. работите се вратија во нормала после 20 минути и центарот беше исчистен, соопшти овој центар на Твитер.
Големата жештина и влага беа премногу и за системот за воздушно ладење на меѓународниот аеродром „Галео“ и домашниот „Сантош Димон“, па патниците се „вареле“ на температури поголеми од 30 степени, јави телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.