Со за него рекордните 16 поени, 7 скока и 4 погодени тројки од 6 шута Перо Антиќ за прв пат во неговата кариера беше избран за играч на натпревар на еден НБА меч.
Антиќ одлично ја искористи шансата што му се укажа со повредата на главниот играч на Атланта Хоукс, Ал Хорфорд и со одлична игра и во нападот и во одбраната дојде до атрибутот играч на натпреварот.
Вкупно на теренот беше 28 минути и 40 секунди а во првиот дел погоди 3 од 4 обиди за тројка.
„На довербата на тренерот на Атланта Антиќ одговори со голема меч“ беше забелешката на коментаторите на мечот за неговата игра.
За жал на навивачите на Атланта во инзвонредно драматичниот натпревар во кој Антиќ остана на паркетот до крајот победија гостите од Сан Франциско – Голден Стејт Вориорс кои со тројката на Андре Игудала победија со еден кош предност – 101 : 100.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


