| четврток, 6 декември 2018 |

Решение за „безизлезноста“ со тапиите

Предложените измени на Законот за домување во собраниска процедура, за над 300 семејства ќе значи право да го откупат општествениот стан што го користат

sliki od crni 1111Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вели дека измените се на барање на граѓаните кои не можеле да ја комплетираат документацијата, со оглед дека за некои од становите договорите се склучени пред повеќе од 30 години и не можат да се најдат ниту во архивите.

–  Најчесто се соочуваме со фактот дека дел од семејствата имаат  решение, а немаат договор, или имаат договор, а немаат решение за станот. Тие договори се склучени пред  30 до 50 години. Направивме напори да  ги побараме и во архивите на Македонија и во архивите од соседните земји, но не можеме да ги најдеме. Со измените на Законот  овозможуваме сите кои ги немаат документите, во определен рок да поднесат барање до Министерството за транспорт и врски и врз основа на тоа што имаат стан без соодветен акт да го откупат, рече Јанакиески.

Значајна новина во предложениот закон, според него, е можноста што се воведува за одземање лиценцата на управител  во зградите доколку се утврди дека правното или физичко лице по нејзиното добивање не исполнува  некој од условите.

Сите граѓани кои користат услуги од лиценцираните управители, според Јанакиески, за секое евентуално незадоволство од добиената услуга можат да се обратат до надлежната Регулаторна комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top