| четврток, 6 декември 2018 |

Условни казни за обвинетите во „Бришач“

Кривичниот суд во Скопје ги осуди на условни казни 57-темина полициски службеници обвинети во случајот „Бришач“.

Обвинетите се полициски службеници – раководители на увидни екипи на МВР во Одделението за вршење увид на сообраќајни незгоди, а дел од нив – крим-техничари за сообраќај.

Во периодот од 2007 до 2011 година кримналната група ги оштетила осигурителните компании за два милиона денари, со лажирани сообраќајни незгоди, слични една на друга.

Најмалата изречена казна е три месеци затвор, заменета со условна од една година, а најголемата казна е две години затвор, која ќе се изврши ако во рок од 5 години осудениот стори друго кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top