Tешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 22 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на Стража, како што пишува sky.mk.
Во несреќата биле повредени шест лица, меѓу кои четири девојки и две момчиња.
Скопјанецот Б.Л. (21), кој управувал со „ауди“ загубил контрола над возилото кое излетало од патот и се запалило.
Покрај Б.Л., повредени се уште пет сопатници, кои биле во автомобилот. Тие поради тешките повреди од медицинскиот центар во Кичево се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување, освен 20-годишната Л.А., која е задржана на понатамошно лекување.
Во несреќа полесно повредени се уште две лица кои се пренесени во охридската болница „Св. Еразмо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вее снег на Стража – АМСМ предупредува внимателно возење
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил