Судот во Украина покрена постапка за сослушување на Сергеј Власенко, адвокатот на лидерот на опозицијата и затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко, а ваквиот потег опозициските медиуми и дел од јавноста го означија како политичко судење.
Власенко се најде пред суд по обвинение за семејно насилство, а тужбата ја покренала неговата поранешна сопруга во ноември минатата година, паралелно со протестите на опозицијата организирани против одлуката на владата да не го потпише договорот за стабилизација и приклучување кон ЕУ, а наместо тоа беше зајакната соработката со Русија.
Тој прв пат беше повикан на суд токму за време на донесување на одлуката на владата и големите протести. Според обвинението покренато против него тој во 2008 година три пати физички се пресметал со својата сопруга.
Власенко платил околу 2000 евра пари наменети за кауција, по што обвинителството во Ноември донесе одлука дека може да му дозволи да се брани од слобода со услов да не смее да го напушти Киев. Исклучок од овој услов му бил дозволен само доколку имал потреба да оди на консултации со Тимошенко.
Адвокатот се брани и вели дека обвинението против него е измислена лага која нема никаква врска со реалноста, со цел да се врши политички притисок
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Антонио Апостолски, адвокат на Мијалков: Недозволиво е странката да не е известена дека за неа се бара мерка притвор
-
Мајка му умрела од рак, адвокат од Србија го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум
-
Ќе го скрши и најтврдото срце: Последното збогум за Мишо од Сања и Лара!
-
Тато, се ти простив: Тажна порака на синот на убиениот српски адвокат!