| четврток, 6 декември 2018 |

Чичко на Ким Јонг-Ун бил растргнат од кучиња?

severna koreaЧичко на Ким Јонг-Ун беше убиен откако бил соблечен гол, а со него се нахранети стотина гладни кучиња, пишува кинескиот државен печат, а пренесува британски Индепендент.

Северна Кореја го опиша Јанг како „одвратно ѓубре од човек, полошо и од куче“, а овие извештаи според извештаите во Хонг Конг укажуваат дека можеби се сретнал со својот крај во челуста на кучиња.

Кинескиот печат опишува како Јанг Сонг Таек и пет негови помошници биле соблечени голи и со нив нахраети 120 гладни кучиња, држени без храна три дена. Целиот процес траел еден час, а ужасната пресуда ја следеле стотици официјални лица.

severna korejaСингапурската „Стрејтс тајмс“ тврди дека наведената брутална егзекуција заедно со голем број други критики во извештаите покажува колку Пекинг е незадоволен со промена на режимот, но во моментов не постои конзистентна уредувачка линија во кинески државните медиуми. Начинот на извршување на егзекуцијата со кучињата, исто така, не е потврдено од Северна Кореја.

Претходно, пак, беше објавено дека помошниците на Јанг биле егзекутирани со противавионски митралези.

Ејдан Фостер-Картер, виш научен соработник по социологија и современа Кореја на универзитетот „Лидс“ смета дека „тоа звучи екстремно дури и за нив“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top