| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановиќ: Кој го прави тоа подобро – јас или Рафа?

Српската тенисерка Ана Ивановиќ со нејзините фанови ја сподели веста дека во последно време често ја споредувале со Рафаел Надал, но само по начинот на изразување емоции за време на натпреварот.

Ана на нејзиниот профил на „Инстаграм“ објави фотографија во која таа е во идентична поза како Рафа.

– Многумина мојот денешен потег го споредија со оној на Надал. Не е лошо. Што мислите кој го прави подобро – напиша тенисерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top