| четврток, 6 декември 2018 |

Свински грип во Албанија и во Косово

грипВо Албанија и во Косово расте бројот на заразени лица од вирусот H1N1, познат како свински грип.

Според секторот за здравствена политика во Министерството за здравство на Албанија регистрирани се седум случаи заболени од свински грип, како и пет други случаи заболени од американски грип.

Сите случаи се под контрола и ниту еден пациент не се наоѓа во животна опасност. Од средината на февруари земајва ќе може да биде погодена од епидемија, затоа дадени се сите потребни препораки за преземање потребни мерки, предупредуваат.

Во Косово вклучен е алармот затоа што досега се регистрирани 29 заразени од вирусот H1N1. Неодмана од свински грип во Инфективната клиника во Приштина почина 39- годишна жена. И надлежните косовски инситуции смируваат дека место за паника нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top