| четврток, 6 декември 2018 |

Берзите паѓаат

berza-1На европските берза во петокот се тргува многу внимателно по вчерашниот осетен пад на цените на акциите, а обемот на тргување е скромен со оглед дека многу инвеститори се на годишен одмор и нема позначителни вести кои би дале појасни насоки.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски компании падна до пладне за 0,1 отсто, откако вчера ослабна 0,8 отсто.

Лондонски FTSE, франкфуртски DAX и париски CAC околу пладне беа во минус помеѓу 0,1 и 0,5 отсто.

Раст на цените е забележан во трговскиот сектор, откако британскиот трговски синџир Next ги зголеми проценките за своите деловни резултати и најави посебна дивиденда. Цената на акцијата на Next скокна за над десет отсто, додека индексот на трговскиот сектор зајакна за 0,7 отсто.

Од друга страна под притисок е рударскиот сектор, втор ден по ред. Индексот на рударскиот сектор ослабна 0,7 отсто бидејќи слабите податоци од кинеската економија предизвикаа стравување од падот за побарувачката на суровини, со оглед дека Кина е најголем светски потрошувач на суровини.

Слабоста на пазарот на почетокот на годината не е вообичаена бидејќи во тоа време инвеститорите на пазарите внесуваат свеж капитал. Падот на цената на акциите во првите два дена од годината последен пат е забележан во 2008 година.

Се чини дека инвеститорите ги плаши можна корекција на цените на акциите откако минатата година FTSEurofirst индексот порасна за 16,1 отсто, што е негов најголем скок од 2009 година.

Слабоста на берзата, исто така, е последица на скромниот обем на тргување, бидејќи многу инвеститори се уште се на годишен одмор, поради што тешко е да се очекува раст на цените на акциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top