| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски: Единствената наша цел е пласман во втората фаза (видео)

Македонските ракометари се подготвуваат за нови предизвици - Европско првенство во ракомет, што се оддржува во Данска. Нашите момци стартуваат на 12 јануари, а во нашата група покрај домаќинот Данска се и Чешка и Австрија. „Република“ разговараше со ракометарите за тоа што тие очекуваат од ова првенство. Денеска ви ја пренесуваме изјавата на Борко Ристовски

Борко Ристовски

роден: 02.11.1982
висина: 187
клуб: Гумерсбах
позиција: голман

Ристовски својата ракометна кариера ја почна во 1995 година како член на ракометниот клуб Работнички. Во 2002 година учествува на ЕП во Полска. Ристовски со одличните одбрани беше еден од најзаслужните што македонската репрезентација стигна до четвртото место, а тој беше избран во идеалниот тим од седуммина играчи. Истата година беше прогласен и за најдобар млад спортист во Македонија. Во неговата кариера тој настапувал за РК Работнички, РК Југ, РК Металург, РК Вардар, РК Тукро, РК Алгесирас. Моментално настапува за германскиот бундеслигаш Гумерсбах.

borkoВо разговор за Република  вели дека немаат друг избор, ги очекува едно Европско првенство на кое мораат сите, од прв до последен, да дадат многу од себе и да пробаат да направат што подобар резултат.

Репрезентацијата е подготвена и на тактички и на физички план. Очекувањата се едно, меѓутоа реалноста е сосема друга, треба да бидеме реални дека имаме доста повредени играчи, така што ќе мора да се снаоѓаме без нив. Прерано е да се зборува за какви било резултати, единствена наша цел е пласман во втората фаза – изјави Борко Ристовски.

Целиот разговор погледнете го на следниот линк на Република ТВ.

filip-lazarov1 Mirkulovski manaskov-520x344 goce-georgiev-520x264 vanco nikola-mitrevski-520x344 pribak-520x306
Слушнете ги предвидувањата и очекувањата на Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски,
Ванчо Димовски, Никола Митревски, Немања Прибак.

Разговараше: Владо Оцевски


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top