| четврток, 6 декември 2018 |

Почина карикатуристот Живко Козар

Козар првата карикатура ја објавува на 18 ноември 1956 година во дневниот весник „Нова Македонија“, на тема и во времето на Суецката криза.

zivko-kozar

Во предвечерјето на Новата 2014 година, во 82 година од животот престана да чука срцето на карикатуристот Живко Козар, известува „Нова Македонија“.

 

„Живко Козар беше доајен на македонската карикатура. Тој над педесет години го прикажуваше светот преку своите маестрални политички карикатури, насочувајќи ја перфекцијата на ликовите, настаните и ситуацијата во светот само на нему својствен начин, за читателот да може да ги отвори широко зениците на своите очи и да ги препознае целокупната неправда и апсурд на овој свет“, пишува во омажот во „Нова Македонија“.

 

Живко Козар е роден во Скопје, на 24 септември 1931 година. По завршувањето на Архитектонскиот факултет тој замина на студиски патувања низ европските земји. Долги години живееше во Прилеп и како архитект работеше во Заводот за урбанизам во Прилеп, на функцијата директор. Откако се пензионира, се пресели да живее во Битола, каде што продолжи да твори на полето на карикатурата, со која почна да се занимава од гимназиските денови.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top