| четврток, 6 декември 2018 |

Деми Мур четири години помлада од мајката на нејзиното ново момче

Откако се разведе од глумецот Ештон Качер, Деми Мур ја поврзуваа со многу помлади мажи. Сега таа наводно е во врска со 27-годишниот тапанар Шин Фрајдеј.

Како што пренесува „Дејли меил“, глумицата поминува сѐ повеќе време со Шин во Мексико, каде што се и фотографирани заедно. Двојката наводно таму ја дочекала и Новата година.

Шин е тапанар во бендот „Деад Сара“, а двојката се запознала на нивната свирка во Лос Анџелес, на која присуствувале глумицата и нејзината ќерка.

Двојката на мексиканските плажи привлекувала многу внимание, Деми поради нејзиното совршено тело, а Шин поради тетоважите на телото.

Мајката на 27-годишниот тапанар е постара само четири години од популарната глумица Деми Мур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top