| четврток, 6 декември 2018 |

Американците работат на создавање суперкомпјутер кој ќе пробива шифри

Американската национална безбедносна агенција (НСА) работи на создавање суперкомпјутер кој ќе овозможи да се пробиваат кодови на банкарски, медицински или државни тајни, пишува „Вашингтон пост“ повикувајќи се на документи на Едвард Сноуден.

Според весникот, НСА со суперкомпјутерот сака да си обезбеди широк пристап до високозаштитените мрежи низ светот и осетливи информации.

Развојот на ваквиот компјутер е дел од истражувачката програма „Влез во цврсти цели“, тешка околу 80 милиони долари.

Некои од невладините организации, исто така, се обидуваат да создадат ваков суперкомпјутер, но засега не се знае дали програмата на НСА заостанува зад ваквите обиди или, пак, има поголем напредок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top