| четврток, 6 декември 2018 |

САД ослободија поранешен советски шпион

ronald peltonПоранешен службеник на американската Агенција за национална безбедност (НСА). Роналд Пелтон, кој предавал информации за СССР, денеска по 29 години затвор излегува на слобода, соопшти американската организација Федерација на американски научници.

Експертот во НСА, кој во 1986 година беше осуден за шпионажа во корист на Советскиот сојуз, ќе биде ослободен на 24 ноември, посочува Федерацијата.

Во 1986, Пелтон добива три доживотни пресуди, десет години затвор и глоба од 100 долари за продажба на американски тајни на Москва.

Во принцип, тој би можел да добие право на предвремено ослободување по десет години, но наместо тоа останува во затвор речиси три децении.

Не се посочуваат причините за ослободување на 74-годишниот поранешен службеник на НСА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top