| четврток, 6 декември 2018 |

Аца Лукас делел шлаканици на настап

Српскиот пејач Аца Лукас на еден негов настап во Љубљана ја покажал својата сила.

Тој настапил како специјален гостин, односно бил ѕвезда на вечерта и додека ја изведувал песната „Кома“, едно момче од публиката му дофрлало невкусни работи што го испровоцирало Аца да дојде до крајот на сцената и да му удри една „воспитна“ шлаканица.

Потоа тој се вратил на сцената и продолжил да пее како ништо да не се случило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top