| четврток, 6 декември 2018 |

Американските медиуми: Може ли 31-годишниот Перо Антиќ, тетовираниот центар, да има влијание во лигата?

Малкумина во САД обрнаа внимание кога Атланта хоукс понуди двегодишен договор од 2.500.000 долари за Перо Антиќ. Но, потпишувањето влезе во историјата. Повеќе од 5000 милји далеку од родната Македонија на Антиќ. Кога тој го прифати договорот во јули минатата година,  тој стана првиот НБА- играч од Македонија.
Антиќ игра на позицијата центар, има избричена глава, дебела црна брада и е покриен со тетоважи од имињата на неговите двајца сина, нивните родендени и хороскопски симболи. Тетоважите се на неговите раце. Тој, исто така, има ружа над неговото срце за неговата сопруга, знаме на градите за неговата татковина и голем војник на грбот на кој пишува „македонски воин“ – стои на веб-сајтот clatl.com кој направи збир од портрети и го нарече „20 луѓе на кои треба да внимавате“. Станува збор за познати лица од различни области, а Перо Антиќ е меѓу нив, како втор спортист покрај олимпијката (боб-санкање) Елена Мејерс.

– Тоа е она што го правам, јас се борам за мојата земја – вели тој.

Антиќ компликувано допатувал од Македонија, земја со население колку половина од големината на метро во Атланта, да игра во најконкурентната лига во светот. Тој е роден во 1982 година и израснал во поранешна Југославија, каде што неговиот татко играл професионална кошарка. Кога Антиќ бил млад, тој ги гледал НБА-великаните Владе Дивац, Дражен Петровиќ и Тони Кукоч кои доминираа при крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години во меѓународната кошарка. Националниот успех набргу завршил кога земјата се распадна во 1991 година и бројни републики прогласија суверенитет, граѓанската војна стана одлика на балканските народи.

Пред сè, се скрши, а потоа беше тешко да се направи југословенскиот национален тим –  вели Антиќ. За тоа се потребни навистина добри играчи.

Но, тој вели дека за него се појавиле можности во странство по регионалниот конфликт. Освои бројни титули со тимови во Бугарија, Грција, Македонија, Србија и Русија.

Во 2011 година, Антиќ ја доведе машката репрезентација на Македонската до она што тој го нарекува „ историско“ четврто место во Европа, на „Евробаскетот“. Тој и неговите соиграчи добија медали на честа од македонскиот претседател Ѓорге Иванов за успехот на тимот .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top