| четврток, 6 декември 2018 |

Пролетва низ Скопје со пајтон

На големо се подготвуваат работите за скопскиот пајтон. Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ распиша тендер за обезбедување храна и ветеринари за двата липицанери, а се бара и опрема за кочијашите што ќе го возат пајтонот

pajton1.jpg-5001
Кочијаши ќе бидат двајца од вработените на „Паркови и зеленило“, кои ќе бидат обучени од унгарски кочијаш. Засега сеуште не е познато каква униформа односно костум ќе носат кочијашите.

Двата коња од расата липицанер кои веќе се пазарени, треба да пристигнат во најскоро време.

Кочијата пак, ќе биде рачно изработена со подвижен црн покрив, водоотпорна кожа, фенери, дрвени врати и со капацитет за шест луѓе.

Фирмата „Технометал Вардар“ е избрана како најповолен понудувач за набавка на кочијата, додека целиот проект, односно набавката на коњите и на пајтонот е субвенционирана од Град Скопје.

Идејата е на градскиот татко Коце Трајановски и според него пајтонот ќе биде успешна туристичка атракција.

Пајтонот, се очекува да биде во функција најдоцна до пролет. Цената и трасата за возење сеуште не се откриваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top