Според анкета реализирана од најгледаната тиранска телевизија „Топ-чанел“, албанскиот премиер Еди Рама е личност на 2013 година.
Во анкетата која телевизијата ја реализира по деветти пат, меѓу дваесетте најличности, нема ниту една личност од македонските Албанци. Помеѓу неколку политичари од Косово, Рама е убедливо на прво место.
На второто место е Елхаида Дани, пејачка од Скадар, која триумфираше на музичкото шоу „Гласот на Италија“. Веднаш зад неа се сите оние кои го кренаа гласот против увозот на отпад и уништувањето на сириското хемиско оружје во земјата.
Меѓу најличностите се и косовските политичари Шпенд Ахмети, актуелен градоначалник на Приштина, член на движењето „Самоопределување“ и Мимоза Кусари-Лила, поранешна министерка за трговија и индустрија а сега градоначалничка на општина Ѓаковица, на седмото односно осмото место и Реџеп Ќосја, академик.
На единаесетто место е американскиот амбасадор Александер Арвизу додека поранешниот премиер Сали Бериша е на дванаесеттото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.